Успешно заврши четвртиот по ред „Летен камп Михајлово“ кој преку Општинскиот Совет за превенција од малолетничко престапништво на Кавадарци, во рамките на своите програмски активности го реализира Општина Кавадарци.
Од 29 јули, заклучно со 5 август 2015 година, 19 деца од основните училишта од Општина Кавадарци престојуваа на летен одмор во Михајлово на Кожув Планина. После успешно организираниот летен одмор Костадинка Лалкова, секретар на Советотот за Превенција од малолетничко престапништво во името на организаторот искажа благодарност до правните субјекти кои со своите донации го помогнаа организирањето на кампот. Годинава донатори беа кавадаречките фирми: „ФЕНИ Индустри“, „Алијанс Уан“, „Кожувчанка“, „Градба промет“, „Урбан Инвест“, „Јан Бор“ и канцеларијата на „Извршител Љупчо Јованов“. Традиционално и овојпат Општината финансираше престој за пет деца со што се оствари главната цел на кампот, да помогне и да ги насочи овие деца кон вистинските вредности и, да ги тргне од можниот ризик и лошо поведение, а воедно да ги награди за нивниот добар успех во училиштето , ни јавува Димитар Мурџев од Службата за односи со јавноста на Општина Кавадарци.