Кандидатот за градоначалник Бетиане Китев вети;покриен пазар,гасификација,нова детска градинка,три нови кружни текови и други проекти.
Градскиот плоштад во Кавадарци синоќа беше место каде беше одржан централниот митинг на СДСМ во ова кампања по повод Локалните избори 2017.Носителката на советничката листа на СДСМ-Виолета Димитрова во својот настап пред кавадарчани вети враќање на животот во Кавадарци преку реализација на низа нерешени прашања;нова градинка,нов културен центар,најдобрите студенти ке бидат стипендирани, и други решенија за Кавадарци.
Кандидатот за градоначалник Бетиане Китев потврди дека е направена детална анализа за да се подготви програмата која има оперативност наредните четири години.Пред се градот ке се гасифицира, ке се изгради нов затворен покриен пазар, ке се реконструираат сите улици во Кавадарци, ке се изградат и три нови кружни текови,колекторски систем до Марена, ке се изгради Тиквешни вински пат, ке се инвестира во спортот и решавање на други прашања.Тој ке се заложи за департизација на вработенеите во образованието .
Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев , меѓу другото вети дека поради лошата година во лозарствири , лозарите ке добијат 2 денари дополнителна субвенција, Фени Индустри нема да се затвори-Владата ке стори се сите вработени да си ги задржат работните места.„Ние ветивме и во првите сто дена исполнивме,„рече тој:„ Го укинавме екстерното тестирање,ја вративме ефтината дневна тарифа,ја зголемивме минималната плата на 12.000 денари,исплатувме 68 милиони евра субвенции за земјоделците, донесен е Законот за стечајните работници.