Традицијата на хорското пеење и оркестарско музицирање се негува во сите основни и средни училишта
Од денеска и наредните три дена во Кавадарци ке одзвонува хорското пеење и оркестарското музицирање.Победниците на регионалните настапуваат во три категории на државниот натпревар на детски и младински хорови и оркестри на ниво на Македонија.„Државните натпревари на хорови и оркестри и вокално инструментални солисти е натпреварувачки за сите основни и средни училишта кои победија на регионалните натпревари“- ни изјави домаќинот еден од организаторите на Државниот натпревар од Кавадарци Драган Вељковиќ-професор по музичко образование во Гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци.-„Во Домот на Културата денеска петок се натпреваруваат хоровите на Основните училишта утре сабота оркестрите од основните и оркестрите и хоровите од средните и основните учлишта и во недела се натпреваруваат вокално инструментални состави и талентирани ученици. Овие натревари ги организира Здружението на Музички педагози на РМ,а во официјалниот дел ке учествуваат 15 хорови и 15 оркестри од основните училишта, пет оркестри и бендови и 4 младински хорови од средните училишта , ни изјави професорот Вељковиќ.
„Целта на натпреварувањето е да се согледа квалитетот на хорското пеење и музицирање на оркестрите во нашите основни и средни училишта .Селекцијата е на повисоко ниво и затроа има ограничен број учесници.Квалитетот ни е поважен од квантитетот “, вели професорот Вељковиќ.Кавадарци на натпреварувањето ке го преставува хорот и оркестарот на Гимназијата„ Добри Даскалов“ со задолжителна изборна програма и се надеваме на прво место.