МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Митко Јанчев и Бетиане Китев потпишаа спогодба со која се обврзуваат дека ќе работат за подобри услови и во интерес на младите.

Кандидатите за градоначалници од двете најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ денеска потпишаа спогодба преку која се обврзуваат дека секој од нив како иден градоначалник ќе се залага и ќе работи за реализација на проектите кои произлегуваат од приоритетите и потребите на младите. Китев и Јанчев ја потпишаа спогодбата, си подадоа рака и се заложија дека еден од нив кога ќе дојде на функцијата градоначалник покрај другото ќе работи во интерес на младите.

Оваа активност ја спроведе Националниот младински совет на Македонија, а е поддржана од канцеларијата на Националниот демократски институт во Скопје. Освен во Кавадарци ваква спогодба ќе потпишат и кандидатите за градоначалници на градовите: Гевгелија, Битола, Штип, Тетово,Куманово, Струга и Скопје.

Националниот младински совет е платформа која ги претставува интересите и потребите на младите луѓе како линк со сите засегнати страни и која обезбедува вклучување и активно учество на младите во процесот на донесување одлуки на секое ниво.