МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

По повод први октомври меѓународниот ден на старите лица во организација на Црвен крст Кавадарци, полициска станица од општа надлежност и здружението на пензионери од Кавадарци во просториите на здружението на пензионери се реализираа неколку активности.

Најпрво од страна на преставниците на полицијата се одржа едукативно предавање на тема заштита од измами и џепни кражби врз пензионерите, од страна на волонтерите на Црвениот крст беа поделени едукативни флаери за грижа и нега на старите лица и на крај се одржа и спортски турнир во табла и домино за присутните членови и волонтери од овие три институции а за најдобрите изготвени се и пригодни дипломи за освоеното место на турнирот. Со овие активности уште еднаш се покажува соработката и партнерството помеѓу овие институции.

72490155_10220067680938278_6406986883640852480_n.jpg

72676040_10220067681298287_405239033485066240_n.jpg