МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„Време е Кавадарци да добие отворена и услужна општина. Време е Кавадарци да добие градоначалник кој ќе биде тука секогаш за вас граѓаните“, рече денеска на пресот Бетиане Китев

Се обврзувам дека како иден градоначалник, барем еднаш неделно ќе има отворен ден во општината за средби со граѓаните. Градоначалникот постои за граѓаните. Како иден градоначалник секогаш ќе бидам тука да ве сослушам и ќе дадам се од себе да ги решавам вашите проблеми.

Противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, со проектот таканаречен „Мој Општинар“ најави дека ќе направи систем на владеење каде никој ќе нема да може да допре до него, туку тоа ќе го прави преку посредници.

Ние веруваме дека градоначалникот е тука за граѓаните, и е обврзан да разговара директно со граѓаните. Тоа е суштината на демократијата и на водењето на општината. Општина Кавадарци не е приватна фирма! Таа им припаѓа на сите граѓани подеднакво!

Токму затоа, уште првиот ден после изборите ќе ја отвориме општината за да може секој граѓанин да добие навремени, квалитетни и поевтини услуги.

Ќе воведеме и двократно работно време на општинската администрација. Ќе воспоставиме и кол центар каде граѓаните ќе може да се жалат за работата на институциите и одредени служби. Одредени седници на Советот на општина Кавадарци ќе се одржуваат по селата.

Почитувани сограѓани, вие заслужувате градоначалник и советници кои ќе бидат тука за вас и вашите потреби. На Кавадарци му треба нова одговорна власт, квалитетен тим, но и луѓе кои ќе бидат блиски до граѓаните! Мојата визија е Кавадарци да стане модерен европски град!

Со чесна и искрена работа, со посветеност, со добар тим и програма, Кавадарци може да стане град за почит. Граѓаните на Кавадарци го заслужуваат тоа!„ рече Китев на денешниоит прес.