Билкарот Ристо од Конопиште редовно бере лековити тревки од кои се подготвува чај.
Ристо Велков од Конопиште долги години собира и продава на пазарот во Кавадарци чај набран од чистата Кожуф планина.Тој им е добро познат на кавадарчани кои редовно си купуваат од него чај кој успева во цела Македонија а го има и кај нас. Крајот на јуни е резервиран за чајот од Мајчина душичка и Кантарион.Деновиве го сретнавме на кавадаречкото пазариште и поразговаравме:
-Ги познавам скори сите билки кои успеваат на ова пподрачје.Нашиот народ овде начесто ги бара токму овие две билки,меѓутоа барана е и липата и останатите тревки од кој се подготвува чај.Се користат како средстви за лекување на одредени болести .Најчести граѓаните ми бараат чај за бубрези и за исфрлање на камчиња кои ги ствара водата за пиење.Терапијата со чај е успешна дури до 85 насто ако редовно се пие,додава Велков.
-Билките ги берам од најчистите места покрај нашите села во мојот крај, Кожуф планина,Конопишко, Бохула.Сега на крајот на месец јуни созреани за берба : Липата,Мајчината душичка, Жолтиот и Црвениот кантарион,па потоа смреката и други.
Бидејќи тревките растат во исклучително чист еколошки крај,не ретко овде се собираат билки за поголемите компании кои се бават со сушење и продажба на чај, па некои сограѓани и заработуваат по некој денар.
-Чај се пие не само во зима, туку и во лето, тој е еликсир на душата, и со него можат полесно да се поминат високите температури, додава нашиот соговорник, на прашањето дали и на ова спарина треба да се пие чај.
- Да но млак или ладен,додава Ристо.