МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Песната „Од утро до вечер“ на кавадарчаните Столе Аврамов и Зоран Алексиќ со која настапија штипјанецот Зоран Илиев и спрската пеачка Анабела Атијас е победник на годинешното издани на фестивалот на забавна музика „Макфест“ кој изминатиот викенд се оддржа во Штип.

Столе Аврамов, кој е ден од најплодните и најбараните македонски автори во изминатите неколку години го создаде текстот и музиката за победничката песна, додека зад аранжманот на „Од утро до вечер“ стои потписот на Зоран Алексиќ, кој во минатото го има добиено и високото признание „Драган Ѓаконоски - Шпато“ кое се доделува на најдобриот аранжер.

Второ место освои композицијата „Дождови“ од Мартинијан Кириловски, додека третопласирана беше Антонија Гиговска со композицијата „Погледни ме“.