Идејата на Александар Ризов и Ристе Самарџиев е да создадат „фејсбук“ за бизнисмени
Менаџирањето со времето и поврзаноста со комитентите и соработниците отсекогаш биле важни во бизнисот, но никогаш можеби не толку клучни и круцијални за опстојувањето на бизнисот како во денешниот бизнис свет. Предизвикот да се најде вистинското решение за да се одговори на секојдневните обврски е огромен, значаен за секого кој цели кон успешен бизнис, и еден од клучните фактори за успех, но не и невозможен. Една од алатките кои дефинитивно ќе Ви помогне подобро да го организирате Вашиот бизнис, да го редефинирате начинот на кој што бизнисите комуницираат меѓу себе и ќе помогне во едноставениот финансиски менаџмент е софтверската платформа „Кликон“ (Clicon).
Автори на оваа софтверска платформа се двајцата млади кавадарчани, Александар Ризов и Ристе Самарџиев чија идеја да создадат „фејсбук“ за бизнисмени, ја препрозна и Фондот за иновации кој им додели 30.000 евра за развој на нивниот изум кој полека прераснува во сериозно и моќно семејство од успешни бизнисмени и компании.
Освен што ќе поседуваат свој бизнис профил преку кој ќе можат да го градат својот бизнис идентитет, да создаваат мрежи од соработници и комитенти, „Кликон“ на своите корисници ќе им помогне и во креирањето на професионални, уредни и убаво дизајнирани фактури, профактури, понуди, кои може да се испраќаат директно преку платформата до своите клиенти и соработници, во секое време на денот.
Првичните 200 корисници на софтверската платформа ги надминуваат стартните очекувања на Ризов и Самарџиев чија амбиција е „Кликон“ да прерасне во глобална платформа, на што и моментално се работи преку додавање на валути и јазици во самата платформа, а наскоро сите корисници ќе биде достапна и мобилна апликација за Android и iOS.
Триесет денови е пробен период,треба да се искористат и да се креира вашиот бизнис профил, искористете ги поволностите и влезете во светот на успешните.