МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во службената објава на редовниот Билтен, МВР,информира и за запленување и на други материјали и техничка стока

Во билтенот МВР објавува дека „Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при МВР во координација со СВР Велес денеска (01.11.) по претходно добиена Судска наредба од Основниот суд Кавадарци изврши претрес во дом и помошни простории сопственост на лицето Б.С. (46) од Кавадарци и тоа во два објекти во овој град.

При претресот беа откриени и запленети: една пушка (“паповка“) кал. 7,62 мм, потоа десет прачки динамит (“амонит“) со тежина од околу 1,7 килограми, два метри спорогоречки фитил, 97 парчиња муниција од различен калибар и 30 грама тревкаста материја (марихуана). Исто така откриена е и разновидна стока (телевизори, радија и друго) која веројатно потекнува од кривични дела “кражба“ и “тешка кражба“.

Од страна на СВР Велес, поради постоење сомнение за сторени кривични дела до надлежното ОЈО, против Б.С. ќе биде поднесена кривична пријава за сторени кривични дела - “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ (член 396 од КЗ на РМ); за “тешка кражба“ (по член 236 од КЗ на РМ) и за “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори (член 215 од КЗ на РМ).„ се вели во извештајот содржан во денешниот билтен на МВР.