МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Свеченото предавање на Уверенијата е закажано за 12 часот во Големата сала на Општината

Општинската изборна комисија од Кавадарци утре на пладне ќе им ги врачи уверенијата на членовите на новиот состав на Советот на општина Кавадарци и на новиот градоначалник на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Во новиот состав на општинскиот Совет Социјал Демократскиот сојуз на Македонија има девет советници, осум- ВМРО ДПМНЕ . Во Советот по едно место ќе имаат и Божанка Минова од ГРОМ и Ристо Сакалиев од независна листа.

Според информациите од општината, досегашниот градоначалник Александар Панов примопредавањето на функцијата формално на новиот градоначалник Митко Јанчев ке го направи најверојатно деновове .