МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Се асфалтираше коловозната лента од стариот кружен тек кај автобуската станица во правец кон новиот кружен тек над училиштето „Гоце Делчев“.

Оваа реконструкција е дел од капиталниот проект за реконструкција на главните улици во Кавадарци со кој беа опфатени и сообраќајниците: „Северен булевар“, булевар „Моша Пијаде“ и булевар „Цветан Димов“ како и улисите: ул. „7 Септември“, ул. „Мито Хаџи-Василев“, ул. „Пано Мударов“, ул. „Тиквешко востание“, ул. „Цано Поп-Ристов“ и улицата „Страшо Пинџур“. Финансиските средства за овој капитален проект се обезбедени преку Одлука за долгорочно домашно задолжување на Општина Кавадарци, преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка, а со цел финансирање на капитални инвестициони проекти, МСИП. Се асфалтираше коловозната лента од стариот кружен тек кај автобуската станица во правец кон новиот кружен тек над училиштето „Гоце Делчев“. Оваа реконструкција е дел од капиталниот проект за реконструкција на главните улици во Кавадарци со кој беа опфатени и сообраќајниците: „Северен булевар“, булевар „Моша Пијаде“ и булевар „Цветан Димов“ како и улисите: ул. „7 Септември“, ул. „Мито Хаџи-Василев“, ул. „Пано Мударов“, ул. „Тиквешко востание“, ул. „Цано Поп-Ристов“ и улицата „Страшо Пинџур“.

Финансиските средства за овој капитален проект се обезбедени преку Одлука за долгорочно домашно задолжување на Општина Кавадарци, преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој - Светска банка, а со цел финансирање на капитални инвестициони проекти, МСИП.