МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Советот на Општина Кавадарци ке го сочинуваат 19 советници.Девет од СДСМ, осум од ВМРО-ДПМНЕ, еден од Гром и еден од независна листа на советници

На свечен начин денеска преседетелот на општинската изборна комисија на Кавадарци Зоран Костов, им го врачи уверенијата за избрани советници на Советот на Општина Кавадарци.Најголем број уверенија добија советниците на СДСМ-девет, Осум на ВМРО-ДПМНЕ и по едно советничко место имаат партијата ГРОМ и Независната листа на советници на Ристо Сакалиев.Уверенето за свој прв мандат на местото градоначалник на Кавадарци го прими Митко Јанчев , кој од денеска ја презеде ова висока функција.

Костов истакна дека изборите во Кавадарци поминале во фер и демократска атмосфера без повреди на избирачкото прави, што е плус повеке за демократскиот капацитет на граѓаните кои учествуваа на овие избори.

Јанчев пак изрази спремност да соработува со сите политички чинители во Советот со цел да се реализираат заедничките проекти кои се од интерес на граѓаните.Носителката на Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ Горица Пеливанова-Вилхелм,пред новинарите се заложи дека ке даваат подршка на сите предлози кои ке бидат од интерес на граѓаните.Д-р Виолета Димитрова како носител на Советничката листа на СДСМ пак изрази спремност како советничка група и партија да соработуваат за доброто и модерно Кавадарци кое ке биде убаво место за живеење на граѓаните.