МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Понеделник 20 часот, сала на Дом на Културата-Македонскиот „Том Џонс„ ЃОКО ЃОРЧЕВ ке пее во Кавадарци

Толку пати како млад пеел во Кавадарци :Во ресторани,на отворени сцени, дискотеки, на матинеа,и насекаде наидувал на симпатии кај публиката.Тој е неповторлив, оригинален е и наш од Неготино .Тоа е Ѓоко Ѓорчев, кој плени со својот глас, никого не остава рамнодушен.Неговата кариера сеуште трае, и по 25 лета на сцената тој реши да направи турнеја по Македонија.Во понеделеник е во Кавадарци во салата на Домот на културата.Убава можност да се разведрите два часа, и да го поздравите единствениот македонски „Том Џонс“-Ѓоко Ѓорчев.Концертот е насловен „Мојот пат„, а гости ке му бидат; Ирена Крстевска Стефановска-вокал,Кристина Палија-сопран вокал,Филип Стевановски-бенд,Влатко Илиевски-вокал.

Светски евегрини ,авторски песни на Ѓорчев, од кои некои ке траат вечно како:„За еден ден молам“, „ Последен танц„...и други....