МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„На 19.09.2022 во 18.00 часот на ул.„Блажо Алексов“ во Кавадарци, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ј.(39) од Кавадарци. Тој бил осуден на 15 години казна затвор за сторени кривични дела по член 131, член 237 и член 396 од Кривичниот законик. За него била распишана централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Идризово -Скопје каде имал за доиздржување уште една година и пет месеци. Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.„ се наведува во денешниот билтен на МВР.