Селската слава, и покрај дождот беше,организирана достојно на овој празник кој се одбележува со години
Со песна и игра мрежичани со свирката на „Мерак тајфа„, годинава го прославија празникот Митровден,селска слава која од памтивека се одбележува со веселба.Некогаш со повеке десетици активни куќи, денес едвам неколку во кои живеат, Мрежичко го живее вториот живот на новото време со стопанските капацитети , како Фабриката за минерална вода „Кожувчанка“ ,Пиварницата на Македонско пиво , кои го препородија овој крај, со Рибарната, и можностите кои се создадени за селски туризам.
Претседетелот на МЗ Мрежичко и градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев им се обрати на присутнуте честитајќи им го празникот, со порака никогаш да не ги заборават своите корени.РТК.МК со своја екипа денеска беше на Митровден во село Мрежичко реализира емисија а деновиве ке ја емитуваме на порталот.