МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Локалната самоуправа на Кавадарци со донација од ЈП Комуналец и „Ја-Ми„ го чисти коритото на реката„Луда Мара„

Од кабинетотот на градоначалникот Митко јанчев, денеска ја потврдија веста, која РТК.МК ја објави пред два дена за чистење на коритото на реката „Луда Mара“.

Во известувањето се вели :

„Во понеделникот започна акција за чистење на кејот на реката Луда Мара. Оваа акција е од големо значење за населението близу кејот, како и за целиот град. Дивите депонии се чистат со тешка механизација поради наталоженоста на овој проблем. Оваа акција е донација од ЈП Комуналец и ЈА-МИ сестра фирма на Кожувчанка. Комуналец учествува со булдужер а ЈА-МИ учествува со багер и два кипери за износ на ѓубрето. Оваа акција, односно чистењето на кејот ќе трае се додека не се исчисти просторот се до зградите Силекс„-

-стои во соопштението од кабинетот на Градоначалникот Митко Јанчев.