МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Донацијата од ЈП Комуналец и ЈА-МИ сестра фирма на Кожувчанка продолжува. Koн нив се придружува и фирмата Анелмак

Акцијата за чистење на градот , коритото на реката, дивите депонии и други запуштени јавни површини не запира.Напротив се проширува и во самата изведба се вклучуваат нови донатори.Еве што се вели во денешното соопштение од Кабинетот на градоначалникот Миткои Јанчев:

„ Акцијата за чистење на градот како и на кејот и коритото на реката Луда Мара продолжува.Донацијата од ЈП Комуналец и ЈА-МИ сестра фирма на Кожувчанка продолжува. Koн нив се придружува и фирмата АнелмакКако продолжување на оваа акција ЈА-МИ му отстапи на ЈП Комуналец уште еден скип на располагање во рок од 10 дена, за полесно и побрзо завршување на оваа акција. Се расчистуваат дивите депонии, коритото и кејот на реката Луда Мара. Исто вака во оваа акција со своја донација се приклучи и фирмата Анелмак со багер. Со овој багер се расчистува и се регулира коритото на реката од мостот кај шумарското училиште се до Марена. Напоменуваме дека овие акции е донација од ЈП Комуналец, ЈА-МИ и Анелмак„-

се вели во извесувањето од кабинетот .Локалната самоуправа ги коордидинира сите активности.