МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Поголема безбедност, како и непречено движење по градските улици се приоритетите на општината во решавањето на проблемите во сообраќајот. Тековната реализација на проектот за реновирање на главните сообраќајници во Кавадарци, Општината го користи и за да реши неколку тесни и опасни точки. Со актуелното санирање на улицата „7 Септември“ на потегот од мостот кај Јаворот па до салата „Партизан“, општината реализира изградба на два кружни тека. Новото сообраќајно решение на овие локации, ќе овозможи побрз, побезбеден и поефикасен проток на возилата, како и многу побезбедно движење на пешаците и останатите учесници во сообраќајот. Општината планира и неколку други слични кружни текови на тесните грла на другите раскрсници низ градските улици.

67541985_2465068030383910_6792341528510464000_n.jpg

67157473_2465068013717245_6888948739000500224_n.jpg