Пчелите се благородни но чудни инсекти.Понекогаш само нивниот инстинкт е причина за случај како во село Стојаково-Гевгелиско.
Нашиот познат пчелар Блажо Толов од село Ваташа,како долгогодишен и искусен одгледувач на пчели и искусен медар, беше повикан да го реши необичен случај .Пчелно семејство свило „гнездо“ во просторот под ролетната на една селска куќа во село Стојаково-Гевгелиско.Иако опасно, Толов го прифатил предизвикот, и со мирната рака и доброто расположение, со позитивна мисла, успеал да ги извади сите пити полни со мед, да ги смири пчелите да не го каснат, и нормално да го реши случајот .Понекогаш само нивниот инстинкт е причина за случај како овој да решат да направат улиштер по нивна мерка.Снимката е со слаб квалитет снимена со телефон во село Стојаково-Гевгелиско.Тој работи, а рој пчели кружат околу него.Не е лесна работа, нели.Но и „снимателот“- неговиот внук Блаже има мирна рака и дарба за пчели.Со тоа го ослободил семејството чија куќа била мета на пчелите ,од стравот присутен подолго време, заради нивното роење и перманентно присутство во домот.Овие случаи се ретки, но ги има кај нас.Само искусните пчелари знаат како да постапат со пчелите.Блажо Толов е еден од таквите.