Одамна е отиден во ликвидација.На местото на поранешниот ДИК„Страшо Пинџур„ сега работат повеке десетина приватни фирми.Комбинатот не постои, но постои изразот „Фирмата ми e , или ке одам , во поранешниот Комбинат„.Од тоа што некогаш беше(гигант) остана само брендот, како што бидна со повеке десетици кавадаречки претпријатија
Ова фотографија е сведок на времето на пеесетите години за Комбинатот за преработка на дрвo “Страшо Пинџур“ .Истиот беше пуштен во работа во 1957 година и беше еден од најсовремените од тој тип во поранешна Југославија. За тоа колкав беше комбинатот говори бројот на вработување, повеќе од 1.000 работници.Тоа беше период на почетокот на миграцијата село-град во кавадаречко. Прв директор на комбинатот беше Љупчо Шкартов.
Од Архивата на Музеј галеријата
-Избор на П.Камчевски.