МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Промоцијата беше во рамките на „Кавадречката културна есен“, а беше проследена од голем број граѓани

Во 3Д салата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“, во рамките на „Кавадаречката културна есен„ синоќа беше промовирана книгата “Успеси и заговори“ од Стојан Андов. Промотори на книгата беа : Љубомир Гајдов, Раде Силјан и Блаже Миневски.

Издавач на романите на поранешниот политичар со потекло од Кавадарци Стојан Андов е „Матица македонска“ . Во новото издание , Андов говори за мноштво судбоносни настани што се случија во Република Македонија во 1993 година, ги разјаснува соочувањата со новите маневри на грчката политика, потоа грчко-српскиот сојуз и градењето мерки за доверба…

Инаку последните 15 години Стојан Андов,активно се посветува на пишувањето.Тој е автор на книгите: „Од мој агол“, „Источни патувања“, „Стравот и љубовта“, „Кицо Американецот“, „Враќањето на Американецот“, „Јосип Броз Тито и распаѓањето на Југославија“, „Приказната за Марија“, „Драматичната 1991 година“ и „1992 – Година на опасни ризици“.За интересот за промоцијата доволно зборува фактот за присуството на голем број граѓани.Извадоци од неговата последна книга читаа идни артисти, сега студенти на Универзитетот за аудио визуелни уметности.