На фотографијата од 1918 година во преден план ниската градба е дивизионата фурна на 3-тата бугарска пешадиска Балканска дивизија во времето на Првата светска војна (Македонскиот фронт) во рударската населба Алшар.
Во Управната зграда на рудникот Алшар, имало околу 60 простории, а англискиот концесионер во една од нив донел клавир. Тој се оженил за убавата Неда Орешкова од село Рожден и во бракот со неа го имале синот Ристак..Овие објекти биле разурнати од бомбите на авионите на Антантата во текот на 1918 година.Управната зграда на рудникот Алшар е градена помеѓу 1895-1900 година. Веднаш до неа имало и фабрика за мелење на рудата, која со помош на околу 800 коњи и маски преку С`ботско била носена за Солун. За тоа врема тоа било голема работа.
Петре Камчевски