МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Велешкиот суд го усвои предлогот за стечајна постапка на кавадаречки „Фени“. Доверителите имаат рок од 15 дена да ги достават побарувањата. Банките остануваат на ставот- релевантен соговорник може да биде само онаа компанија која ќе ги исплати платите и дел од долговите.

„Фени“ оди под стечај - Велешкиот суд го усвои предлогот на Стопанска, Комерцијална и Силк Роуд банка за почнување на постапката. Не ја прифати понудата на бугарската фирма „Енекод“. За стечаен управник е назначен Мирослав Анастасиевски од Гостивар. Трите банки доверители во рок од 15 дена треба да ги достават побарувањата.Раководството три месеци не лаже и никако да исплати плата, обвинија денеска и вработените. Побараа надлежните институции да ги истражат постапките на „Енекод“ за штетата што е нанесена на фабриката, работниците и на кредиторите.

Од банките доверители изутринава информираа дека бугарската „Енекод“ потврдила дека не може да исплати плати на вработените. Велат дека нема да ги коментираат во јавност елементите од понудата. Укажуваат, сериозна понуда треба да биде поткрепена или со банкарска гаранција или со депонирани средства.

Еден единствен предуслов за да ја анализараат сериозноста, издржаноста и прифатливоста на понудата, е претходно понудувачите да ја исплатат заостанатата плата на вработените од сопствени средства, стои во соопштението од банките доверители.

Извор: MТВ - Сунчица Николоска