МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

НА ПРАЗНИКОТ НА „СВЕТА МАЧЕНИЧКА -ПЕТКА ПАРАСКЕВА“ ИЛЈАДНИЦИ ВЕРНИЦИ ОД КАВАДАРЦИ СЕ ПОМОЛИЈА ЗА ЗДРАВЈЕ

Во Кавадарци денеска на празникот на „Света маченичка-Петка Параскева“,во нејзиониот храм, подигнат во овој град неодамна кој го носи нејзиното име,илјадници граѓани-верници донесоа дарови,запалија свеќи, и присуствуваа на Светата Архиерејска литургија со која чиненачелствуваше Неговото високо преосвештенство Митрополитот Агатангел, во сослужение со свештенослужители од Митроплолијата од Велес и намесништвото во Кавадарци.

-„Илјада молитви место вас да имам, нема да успеам да помогнам ако немате верба во вас, во молбата упатена до Света Петка, рече владиката Агатангел, посебно потенцирајки ја силината на верата на оние кои молат за оздравување, а тоа денеска се однесува на жените , чија Света маченичка Света Петка Параскева денеска ја славиме.

Митрополитот денеска се помоли за душите на сите упокоени, загинати во невремето во Скопско, Тетовско и други делови на Македонија.Тој упати молитва и верба за надминување нна проблемите кои ги имаат настраданите,а граѓаните и останатите хуманисти во светот да ја изразат хуманата вредност на лугето.

295759 odbelezhan verskiot praznik sveta petka a naskoro kje se osveti i crkvata koja go nosi istoto

Култот кон Света Петка – Летна кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести.Со нејзиното име се поврзани и чудотворни икони и многу лековити води наречени петочни води.

„Света преподобна маченичка Параскева – Петка" во Кавадарци е црква во која се извршуваат сите црковни обреди и обичаи иако трае живописанието на црквата на внатрешниот дел и други детали.Таа сега е место каде на поголемите празници како денешниот ,се собира многуилјаден народ.