МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Повторно поради заматување ,ЈП Комуналец препорачува , водата од системот Лукар пред упогтреба да се проврива

Од Јавното претпријатие Комуналец денеска напладне ни беше пренесена веста дека водата од системот за водоснабдување Лукар не треба да се употребива за пиење пред да се проврива.Ова соопштение, доаѓа како резулгтат на констатираното заматување кое е последица на големите врнежи од дожд кои паднаа во изворишниот дел и Зафатот Стара Река, на Кожуф Планина .Официјалните мостри за квалитетот на водата ке ги добиеме од Центарот за Јавно здравје Кавадарци кои редовно вршат проверка на хемиските и бактериолошките својства на водата за пиење. Засега добро е да се почитува препораката на Комуналец, водата од Лукар пред пиење да се зоврие.