МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денешната редовна акција за крводарување е една од најмасовните досега кај нас.

Задоволство е да се направи прилог со хумани луге.Тоа денеска беа, членовите на сите подгрупи и главната Лозари Исток 91 , кои ја организираа големата крводарителска акција која е веке традиционална.

„Во периодот кога сите се грижат за самите себе,ние се одлучивме да се погрижиме за тие на кои му е најпотребно.Со таа мисла,во која хуманоста и човечкиот живот ни се на прво место,одлучивме дека е идеално време да организираме крводарителска акција. Вo овие студени денови,да бидеме жар која ке стопли многу срца и ке спаси многу животи.“ се вели меѓу другото во нивниот проглас до граѓаните.

Во акцијата за дарување крв учествуваа средношколци,вработени и невработени, пензионери, повеќекратни крводарители. До пладне кога го реализиравме прилогот беа собрани 25 крвни единици, а очекувањата се над 40.Крводарителската акција се одржа во салата на Советот на Општинското собранието од 10 до 15 часот