Во тек се огласите за трите активни мерки на Агенцијата за вработување во рамки на Проектите за самовработување со кредитирање.

Денеска директорот на Центарот за вработување во Кавадарци, Благој Борисов ги презентираше мерки од Проектот за самовработување со кредитирање за млади невработени лица до 29 години, Кредитирање на правни субјекти за отворање на нови работни места, како и Проектот за Кредитирање на правни субјекти за отворање на нови работни места за млади лица до 29 години.

Цел на истиот е на заинтересираните невработени лица како и млади до 29 години, активни баратели на работа кои што сакаат да започнат сопствен бизнис да им се овозможи поволен кредит со што ќе се отворат нови работни места и ќе се самовработат во областа на земјоделството, трговијата, преработувачката индустрија, градежништвото, услужните дејности итн.

Кавадарци е на прво место меѓу градовите во државата по нови вработувања и смалување на невработеноста.Компарирајќи ги бројките од 2006 и 2016 година,Борисов информираше дека на крајот на месец август 2006 година во Кавадарци имало 8.761 невработено лице. Истиот период оваа година, имало 3.733 невработени. 18.212 лица. Стапката на невработеност во моментов изнесува околу 9.8 отсто