ПОЛИЦИЈАТА ВО КАВАДАРЦИ СЕ ВКЛУЧИ ВО ХУМАНИТАРНАТА АКЦИЈА
Припадници на Полициската станица од Општа надлежност од Кавадарци денеска во Општинската организација на Црвен крст Кавадарци ја донесоа хуманитарната помош наменета за настраданите во невремето во Скопско.
Се работи за поголема количина на вода и средства за хигиена и други материјали кои ке бидат наменти за поплавените во големата катастрофа која погоди неколку региони во Македонија особено Скопскиот.Инаку покрај на овој начин нашите полицајци се вклучуиле и со парични донации преку мобилчните оператори во земјава.
Конкретната помош во вакви моменти е најпотребна и нашите полицајци на дело покажуваат како треба конкретно да се реагира кога некој наш граѓанин е загрозен.Помошта е симболична но во вакви моменти значи многу, велат полицајците со кои разговаравме утрово во ОО на Црвен Крст Кавадарци.