МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Средствата се донирани на заедничката хуманитарна акција на „Тиквеш“ и посетителите на Фестивалот на младо вино 2017.Соопштение на Винарија „Тиквеш„

„Големиот број љубители и почитувачи на виното кои присуствуваа на годинешниот, осми по ред, Фестивал на младо вино, одново ја покажаа својата хуманост, земајќи учество во донаторската акција што ја организираше Винарската визба „Тиквеш“.

„Тиквеш“ ги мотивираше сите посетители на фестивалот да донираат средства, со тоа што винарницата за секој донатор обезбеди подарок младо вино. На ваков начин, во двата дена на годинешниот Фестивал на младо вино во „Тиквеш“, вкупно беа собрани над 240.000 денари.

Овие средства се наменети за поддршка на функционирањето на домот за деца без родители и родителска грижа и воспитно запуштени деца во Кавадарци, како и за Центарот „ЦЕДУЗ“ од Скопје кој обезбедува поддршка, едукација и стимулација на психомоторниот развој на деца со посебни потреби и нарушувања, како што се аутизам, проблеми со говорот, потешкотии во моторниот развој и друго.

Винарската визба „Тиквеш“ е општествено одговорна компанија која преку бројни проекти и донации перманентно вложува во заедницата на која ѝ припаѓа. Компанијата во континуитет обезбедува поддршка на значајни културно - уметнички манифестации, настани од едукативен карактер, како и хуманитарни активности.„ Се вели во соошптението на „Тиквеш„ до РТК.МК.