МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ЦРКВАТА „СВЕТА ПЕТКА“ ВО КАВАДАРЦИ КЕ БИДЕ ОСВЕТЕНА НА 18 ОКТОМВРИ 2015

Црквата во Кавадарци„ Света Петка Параскева “ е градена во традиционален византиски стил .Во 7 век овде постоел храм со ова име.IMG 20150808 112541

Денеска во Кавадарци верниците и свештенството на Повардарската епархија го празнуваат верскиот празник „Света Преподобна маченичка Параскева-Петка,,чие име го носи новата црква која е изградена во новиот центар на градот.Во дворот нацрквата внатре во објекот,како ретко кога, многу народ.Топлото време не беше пречка кавадарчани во масовен број да го изразат своето почитување на светата маченичка Параскева Петка, која ги штити од несреки и болести.

На големиот собир пред новата црква„ Света Петка“, му претходеше одржувањето на Света Архиерејска Литургија во храмот „Свети Димитрија“ во Кавадарци со која чиначелствуваше Митрополитот Г.Агатангел во сослужение со свештеници од Повардарската епархија.Потоа следуваше пригодна служба и осветувањето на вода пред новата црква .Пред присутните се обрати Владиката Агатангел кој им се заблагодари на менаџментот на Фени Индустри кои се најголеми донатори, потоа на претпријатието ,,Кожувчанка,, и ГП„ Градба Промет“ и Општина Кавадарци преставувана од Градоначалникот и претседателот на Советот .

Инаку пред насобраните граѓани говореа и Градоначалникот Александар Панов,Митко Јанчев од Кожувчанка, Герасим Кујунџиев од Фени Индустри,претседеателот на Советот Горица Пеливанова -Вилхелм кои им го честитаа празникот и изразија почитување од завршувањето на ова прекрасно црковно здание кое ке го носи името на исто ваква црква која на ова подрачје постоела во 7 век во Кавадарци, а истовремено сите идни генерации со задоволство ке престојуваат во неа за духовно прочистување и смирување.

Црквата во Кавадарци„ Света Петка Параскева “ е градена во традиционален византиски стил од рачно кршен камен,архиетектурата,фрескожувописот и иконостасот се дело на најдобрите мајстори и современи уметници, архиетекти и градежници во целост запазувајки ја македонската црковна традиција.IMG 20150808 112516

Предвидено е на 18.октомври годинава црквата да биде целосно завршена со градба, уредување на дворот и иконопишување.Во ова кратко време граѓаните и верниците можат да даруваат средства за подмирување на трошоците за целосното завршување на „Света Петка“.Тоа го правеа и денеска на посебен пунк пред црквата.