Домот на кавадаречкото семејство Вареловски, веќе 20 години е место на новогодишната магија за децата
Новогодишната Магија во домот на познатиот Дедо Мраз од Кавадрци започна. Најрзалични украси лампиони лед сијалички светнаа во дворот на семејството Вареловски. Секоја година стотици деца од целата држава го постеуваат Дедо Мраз, а тој им дарува новогодишни пакетчиња и се фотографираат со него. Годинава тој прославува 20 години откако ја работи оваа хумана работи и ги радува детските срца.Вчеравечер на неговиот двор се восхитуваа 45 ученици од училиштето „Братство и единство“ од Рожаје Црна Гора. Директорот на училиштето, Музафер Мујовиќ изрази задоволство и благодарност за големиот труд и енергијата кои Вареловски ги вложуваат, ширејќи соработка и љубов.
Гостите му врачија благодарница за дведецениската хумана работа и слика на која е претставен заштитникот знак на нивниот град, кој е збратимен со Кавадарци.Сопственикот Ѓорѓи Вареловски, во улога на Дедо Мраз, рече дека е среќен секогаш кога ги гледа децата задоволни, затоа што, како што нагласи, зборовите на радост изречени од младите, допираат до душата и срцето.
Црногорските ученици од седмо, осмо и деветто одделение беа воодушевени од посетата во домот на Дедо Мраз и рекоа дека повторно би дошле, доколку имаат нова прилика.
Дворот на Вареловски е своевиден амбасадор на градот. Кавадарци веќе со години е препознатлив по овој Дедо Мраз, кои го посетуваат деца од целата држава и се радуваат на илјадниците сијачки и новогодишни украси