МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

АПРИЛИЈАДА 2018 предизвика голем интерес кај децата и наставниците.Кавадаречкиот плоштад беше најубавото место на светот-полно со чисти срца и детски насмевки

Априлијадата како и лани и годинава беше еден од најмаосвните одржани настани од јавен карактер.Илјадници деца, наставнички, воспитувачки, родители, дедовци, баби,тетки...денеска на убавото сончево време излегоа за да го прослават Денот на шегата 1 април на таканаречената Аплилијада, која ја организира Градоначалникот Митко Јанчев, Советот на Општината, Домот на Културата ,со подршка на Министерствити за култура и сите основни училишта во градот. Убава манифестација која ги анимира сите ,од децата до наставниците и нивните родители да се вклучат во еден од најмасовните собири кај нас во дефилето на априлијадата.Веселото дефиле го сочинуваа ученици од сите основни училишта од општина Кавадарци, кои со свои креации на зададената весела тема пеш по „Илинденска“ дојдоа до Градскиот Плоштад.

2018033.jpg

Дефилето започна во 11 часот на Кружниот тек во новиот центар на градот.А на финалето на дефилето, на Градскиот плоштад се одржа пригодна програма подготвена од учениците учесници во настанот.Сите со по една точка се преставија на платото пред Зградата на собранието.Прекрасна слика на Кавадарци –поубава одамна не сум видел.Илјадници дечиња ,во колички –малечки од неколку месеци до мали кавадарчанчиња од 1,2,3 години, деца од Детската градинка „Рада Поцева“, ученици од сите училишта до 5 одделние.ДЕцата беа маскирани во ликови од бајките,сите со насмевка и занес каков што може само детскиот имагинарен свет да створи.

Маскирани во ликови од бајките, од филмското платно,од современиот живот, заедно со своите наставници децата го облагородија Кавадарции со позитивна енергија и атмосфера.Фотографирањето на бабите и дедовците на родителите беше неизбежно, за ова прилика неизоставно, зашто ретки се ваквите моменти кога децата го менуваат вообичаениот дневен ритам..

За прв пат откако се одржува манифестацијата , новиот градоначалник и локалата власт решија да воведат награда за најдобра маска-Годинава тоа е групната маска „Кременковци“ од ООУ„Димката Ангелов-Габерот„ од Ваташа со наставничката Добринка Ласкова се најдобри според жирито.Тие добија еднодневен излет до Летувалиптето Михајлово –вклучено со превоз....

Признание и честитки за сите наставници кои со децата работат подолг период на изработка на групните маски, на трпението да се задоволи детската имагинација, да се биде креативен и во исто време да се ангажира детскиот труд во креативна смисла што е доста позитивно во денешно време .