МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Градоначалникот на Општина Кавадарци м-р Митко Јанчев, во придружба на раководителите од секторите за градежништво од Општината,како и службени лица од Полициската станица од општа надлежност Кавадарци беше во посета на таканареченото „Тенеќе маало“.

„Денешната посета беше на повеќекратно барања на жителите од УЗ „Страшо Пинџур“, како и на ромската популација од дивата населба покрај Шумарското улилчиште

Посетата имаше за цел да се направи увид во условите за живот на овие граѓани, да се согледаат состобата и бројот на објектите, како и на популацијата која што живее во нив.

Градоначалникот Јанчев веднаш после увидот најави дека денешната посета е основа за понатамошните чекори во решавањето на овој децениски проблем„, се вели во соопштението на гардоначалникот Јанчев од неговиот кабинет.