МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во сообраќајна несреќа вечерва едно лице повредено во „Фиат пунто„.Возилото излетало од патот

Вечерва околу 22 часот на патниот правец Кавадарци-Росоман кај месноста „Краиште, се случила тешка сообраќајна несреќа во која едно лице повредено.Според неофицијални извори се работи за излетување од патот, најверојатно поради губење на контрола при движењето на возилото.Лицето кое го управивало патничкото возило „Фиат Пунто„ се здобило со повреди,а поради природата на незгодата во која возилото било оддалечено од патот во ендекот, била повикана Противпожарната теритоаријална единица, која за брзо време пристигнала на лице место со две возила и тројца пожарникари.Најпрвин „Пунтото“ со салја е довлечено до патот а потоа заради заглавени врати пристапено е кон сечење на металот и ослободување на возачот кој бил за среќа жив но со повреди по што е однесен на медицинска интревенција во Општата болница Кавадарци.

26174906_882948631872925_1924085434_n.jpg

Одлична и брза интервенција на Противпожарната единица Кавадарци која освен при пожари интервенира и при сообраќајни несреќи за чија намена неодамна беа набавени посебни ножици за сечење метал, што еве ,се покажаа практични.Командирот на единицата од Кавадарци Илчо Богевски , кој не информира за ова, за среќа несреќа без жртви, апелира до возачите особено помладите, овие предновогодишни и денови на забава за време на Нова Година и Божиќ да се вози крајно внимателно и според дозволените брзини на улиците и патиштата и притоа да не се консумира алкохол, заради избегнување на можноста за губење на контрола при возењето.