Советот и градоналникот продолжуваат да ги помагаат сограѓаните со телесен инвалидитет.
Три електрични колички, во вредност од 220 илјади денари беа набавени со пари од Буџетот на Општина Кавадарци по што Советот го одобри денешното нивно предавање како донација на инвалидизирани лица од нашиот град.
Градоначалникот Александар Панов потсети дека веќе трета година се настојува на практичен начин со конретни потези да им се покаже на телесните инвалиди дека се мисли на нив. Лани тоа беше направено со донација од 5 вакви колички, акција во која партиципираше и Ротари клубот од Кавададрци, пред тоа беше наравен потег за интервенција со средства за набавка на вакви инвалидски колички особено за семејства кои неможат да си го дозволат тоа поради слаби материјални средства.
-Идната година ќе продожиме со вакви донации, со набавка на колички со џоистик за лица со потежок инвалидитет. Во ова прилика сакам да упатам апел ова да не биде грижа само на локалната самоуправа туку треба да се вклучи и бизнис секторот.
Сеуште држам до мојата порака до „Дрекслмајер“ кој прифатија да вработат инвалидизирани лица, но сеуште го немаат сторено тоа и издвои дел од својот буџет за таа намена. Ние би набавиле возило за да ги носи до фабриката и назад.
Има работоспособни лица кој можат според типот на инвалидитетот да се ангажираат. Така ке се почувствуваат чуство дека се корисни за себе и Општеството, вели Панов.
Михајло Михајлов-претседтел на Здружението на лица со телесен инвалидитет, се заблагодари за сите донации на градоначалнникот Советот и Локалната самоуправа во последно време. -Согласно конвценцијата на ОН за израмнување на правата на лицата со хендикеп, сите хуманитарни акции како овој денешен пример, буквалнно ни го олеснуват нашиот начин на живеење од било кој аспект. Сметам дека и во иднина наидеме на разбирање кај сите фактори во општстевното да ни помагаат на било кој начин.И ние имаме право на живот по сите основи.Посебно значење за нас имаат и медиумите кои работат во Кавадарци кои на секој начин ги регистрирате сите моменти кои се значајни за нас.
Секретарот на Здружението на лица со инвалидитет Славка Тотовска пак се заблагодари на ЛС со надеж дека ке се следи ова пракса како и до сега. Ова е пример, како се врши инклузија на овие лица во сите свери на општественото живеење.Најавата за вработување во бузнис секторот, е пример плус дека овие лица имаат право да се вклучат во животот.
Инаку во досегашниот мандат на ова локална самоуправа доделени се десетина вакви помагала на исто толку инвалидизирани лица во градот и селата на Општината. Изграден е лифт во зградата за овие наши сограѓани, изградени се повеке платформи за пристап во образовните и јавните институции.
Во своите програми Општината помага и на сите останати Здруженија и НВО кои се бават со проблематиката на лицата со инвалидитет, хендикеп и пречки во развојот.