МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Соопштение на Локалната самоуправа во врска со кражбата во Модуларниот паркинг

„Општина Кавадари информира дека по добиена, информација од граѓани (на ден 20.06.2017 во 16:15 часот) за кражба на затегнувачи на модуларниот паркинг над „Паркот на Револуцијата“, веднаш превзеде мерки за прибирање на податоци.

На ден 21.06.2017 год. надлежните служби за комунални работи и сообраќај, извршија увид на самото место, при што констатираа кражба на 5 затегнувачи, како и оштетување на металната конструкција која ги држат носечките столбови за горната платформа.

Во исто време Општината го контактираше и изведувачот на работите на модуларниот паркинг, кој треба исто така да изврши увид во оштетувањето и да посочи натамошни мерки за санирање на состојбата со нарушената конструкција. Од неговиот увид ќе зависи до кога горната платформа на паркингот ќе биде затворена за паркирање.

Општината Кавадарци веднаш после увидот, направи записник и информација за извршената кражба, по што ги испрати до надлежните полициски организа понатамошна постапка.

Општината Кавадарци јавно го осудува идиотскиот однос на арамиите кои за ситна корист уништувајќи јавно добро, направија штета која може да предизвика несакани последици по граѓаните корисници на модуларниот паркинг„ се вели во реакцијата на Службата за односи со јавноста на Градоначалникот на Општина Кавадарци.