- Во акцијата учествуваа и студенти-практиканти од факултетите од областа на безбедноста во Република Македонија.
Денеска во Кавадарци инспектори од отсекот за превенција при СВР Велес и полициска станица Кавадарци, реализираа превентивна акција за заштита на граѓаните од тешки кражби во куќи и станови. Од нивна страна преку непосредна средба со граѓаните, усмено и преку флаери беа делени совети и препораки како да се заштитат и кои превентивни мерки да ги превземаат за да го заштитат својот дом кога излегуваат надвор за краток период или подолго време се отсутни, на одмор, на зимување и слично,а нивниот дом е празен и незаштитен.Во акцијата учествуваа и студенти-практиканти од факултетите од областа на безбедноста во република Македонија.
Со ваквите превентивни ативности и мерки ќе се продолжи и во иднина.