На Фејсбук мрежата кавадаречкотоздружение најавува од 19 јануари поскапување ба сите релации во градот Кавадарци за 10 денари
Здружението на Такси Превозници “Респект” на Фејсбук мрежата , најави зголемување на цената на такси превозот за 10 денари.Ова зголемување тие го базираат на зголемување на цената на дизел годривата.
Во соопштенето објавено на ова мрежа се наведува
„Здужението на Такси превоцници „Респект„ ги известува сите корисници на такси услуги на територијата на Општина Кавадарци дека поради енормното зголемување на цената на нафтата донесе одлука за покачување на цената на такси превозот за 10ден на секоја релација(50+10;60+10;70+10...)Новите цени стартуваат од 19.01.2018
Благодариме на разбирањето.“ се вели во соопштението од ова Здружение.