МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Богоjавление достојно одбележан во Кавадарци и Ваташа.Kрстот во Кавадарци го фати Глигор Плетварски а во Ваташа Костадин Петров

Традицијата крстот за Водици да се потопува во водите на реката „Луда Мара“ се покажа за добро прифатен начин голем број христијани или доброамерници да присуствуваат на еден од најмасовните собири од религиозен карактер кај нас во Кавадарци.Годинава и убавото сончево време беше сојузник на Богојавление,така што Големиот празник си го доби значењето кое го заслужува.

27045058_402799403489541_970808451_n.jpg

Свеченостите започнаа со двете Архиерејски литургии во Црквите „Св.Димитрија“ и „Св.Петка-Параскева„ по што околу 11 часот тргнаа две литии со верници кон мостот кај „Јаворот„ на реката „Луда Мара“ каде беше одржана централната свеченост-потопувањето на крстот во Кавадарци.Свечтеници од Кавадарци одржаа пригодна Богојавленска служба со осветување на крстот кој потоа беше потопен во езерцето кое за ова пригода беше создадени за изведување на обичајот.Околу 20-сетина момчиња годинава се пријавија за фаќање на светиот крст , но највешт и најбрз беше Глигор Плетварски од Кавадарци.Ни рече дека нешто го терало да се пријави за Водици, сонот не го фаќал синоќа,и решил да се пријави за да го фати крстот.Тоа и го направил и среќен е што успеал да дојде прв до светриот крст-рече Плетварски.Тој од градоначалникот Митко Јанчев на подарок доби телевизор, а Локалната самоуправа додели и златна изгравирана плочка направена во Златара „Перо„.

Градоначаникот на Кавадарци,Јанчев му честита на Плетварски и рече дека „ На овој за мене е гордотст на овој убав ден да бидам дел од ова убава атмосвера на Богојавление која еве гледате собра многу луге на едно место“.

Инаку денеска , поради убавото време чинот на потопувањето на крстот го следеа голем број граѓани на Кавадрци и други гости кои дојдоа на мостот кај “Јаворот„.

2699498840279941015620700000.jpg

Инаку денеска крстот беше потопен и во водите на езерцето „Брана„ каде на чинот на потопувањето му претходеше пригодна богојавленска служба.Овде за фалање на крстот се пријавија десетина момчиња а прв до него дојде Костадин Петров. .