Градоначалникот Митко Јанчев и командирот на Полициската станица од општа надлежност Сaшко Димовски, денес во просториите на полицијата во Кавадарци одржаа работен состанок на кој беа присутни, тимот Мој општинар и полициски службеници.
„Целта на овој прв состанок, како што кажа командирот Димовски, беше да се запознаат претставниците на општината и полицијата кои во доменот на своето секојдневно работење се постојано на терен и во контакт со граѓаните.Делувањето на полицајците и тимот Мој општинар, ќе се однесува во делот на заедничките законски ингеренции, пред се во законите за јавна чистота, јавен реди мир, како и регулација на сообраќајот. Взаемното делување на терен на двете структури ќе биде во интерес на граѓаните.Како штоистакна градоначалникот Јанчев крајната цел е подобрување на животот, како и стандардите на живеење на граѓаните.Градоначалникот истакна: „Ова е јасна порака од локалната полиција и општината дека сме одговорни субјекти кон нашата работа и кон граѓаните. Во тој правец, потребно е превземање на мерки со кои најдиректно ќе им се покаже на граѓаните дека полицијата и општината започнаа со конкретни мерки секој во својот делокруг на работа“.„Со ова“ додаде Јанчев, „На граѓаните ќе им се прати порака дека со заеднички ангажман, плански и постепено ќе се решаваат проблемите во градот и општината кои се поврзани со комуналните проблеми, девијантното однесување на поединци, кршење на јавниот ред и мир, како и проблемите во сообраќајот“.Целта на овој проект кој ќе бара трпение на подолгорочни патеки од сите чинители во него, е да се унапредува имиџот на општината и полицијата кај граѓаните,“, се вели во соопштението од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник.