И Градскиот плоштад ке доживее разеленување и давање на нови содржини
Студентите на Архитектонскиот факултет-Скопје со свои проекти ќе даваат нов лик на Кавадарци. Нивните предлози и идеи ќе бидат дел од идното уредување на градот.Тоа беше повод денеска градоначалникот Митко Јанчев и деканот на факултетот д-р Огнен Марина да потпишат меморандум за соработка.
„ Студентите и целокупниот капацитет на Архитектонскиот факултет ќе бидат вклучени во овој меморандум за соработка за давање студии и идеи за наши потреби. Општина Кавадарци ќе изготви приоритетни проблеми и видувања за развојот на градот и ќе ги прати до факултетот, а од факултетот ќе добиваме помош од факултетот во развојот на градот. Покрај деканот и професорите имаме и 90 студенти, гости, кои денеска ќе ни презентираат нивна визија и гледање за проблемите во град Кавадарци. Ми се чини дека е вклучен и градскиот плоштад за негово раззеленување и разубавување и вклучување на други содржини. Се надевам на успешна соработка со овој факултет бидејќи нивниот капацитет е немерлив“ вели градоначалникот Јанчев .
Деканот на факултетот, д-р Огнен Марина во дел од изјавата потенцира:
-„Архитектонски факултет, од студентите и студентските проекти па се до професорите и стручните и научни студии, кои можеме да ги изработиме, демонстрираме капацитет, не само за справување со предизвиците кои ги имаат градовите во Македонија, туку и нашата посветеност заедно со локалната заедница да ги споделиме нашите знаења и искуства за да создадеме подобри градови, подобри локални заедници“ рече деканот.