МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Градоначалникот на Општина Кавадарци објавува Ј А В Е Н П О В И К за изразување на интерес на млади лица за запознавање со работата на Секторот за локален економски развој на Општина Кавадарци и вклучување во активностите на секторот.

Целта е промовирање и зајакнување со работењето на Секторот за Локален Економски Развој .

Услови кај заонтересираните се :

- Завршено универзитетско образование од следниве области ( економски, правни и општествени науки)

- Познавање на англиски јазик минимум ниво Ц1

- Познавање во изработка на проектни апликации

Заинтересираните кандидати да ги достават следниве документи :

- Кратка биографија

- Мотивационо писмо ( не подолго од една страна)

Пријавата заедно со бараните документи да се достават во затворен плик со назнака ,,Јавен Повик- Сектор ЛЕР,, во архива на Општина Кавадарци најдоцна до 16 Фебруари 2018 година до 16 часот. Пријавите пристигнати по наведениот рок нема да се разлегуваат.

По разгледување на пријавите кандидатите ке бидат повикани на разговор.