Поетски настан "Falling in wine with you” се реализира денеска во Кавадарци по повод празникот Свети Трифун, а во организација на Здружението на писатели "Тивешки Цветови" и Винарска визба “Тиквеш” од Кавадарци.
Покрај од "Тиквешки Цветови", учествуваат и поети од Штип и Демир Хисар, како и еден поет од Унгарија.
Во своето обраќање кон присутните, поетесата Вероника Костадинова рече дека празникот Свети Трифун е многу значаен за луѓето од Тиквешијата, затоа што се смета за заштитник на лозарите и винарите.