Денеска во Кабинетот на градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев се одржа редовна средба на градоначалниците од Тиквешкиот регион;Тони Делков на Неготино, Бранко Јанев на Росоман со директорот на ВВ Подардарие и министерот за земјоделие Љупчо Николовски со одговорни лица во секторот за земјоделе во ресорите што ги водат.
Се работи за редовни средби на кој се разговара за годинашниот откуп на грозје и неисплатата на веќе предадено грозје во македонските винарии.Во конкретниот случај третман на разговори биле долговите за неисплатено грозје во ВВ Повардарие -како обрска презерменадо 15 јуни годинава.Се разговарало и за подготвреноста на Визбите за годинашнава реколта.
-Има доста грозје годинава и квалитетно е.Побарувања очекуваме доста.Средбите со лозарите и винарите продолжуваат-вели Тони Делков градоначалник на Општина Неготино
-Треба да се утврди производната цена да на грозјето.Инаку што сеоднесува за праските ова година откпнате цени на пазарот за праската е добра, и имаме пласман-вели Бранко Јанев-градоначалник на Општина Росоман.
-Се надевам дека ке имаме пооволна година во однос на исплатата. За цената ке се договориме дополнително-изјави за новинарите престедателпот на Здружението на Лозари Кавадарци-Трајче Кулев
-Сугерираме во новиот закон за вино бидат вметнати два типа на гаранции со цел откупувачите, кои и да се, им гарантираат на лозарите сигурна наплата на откупеното грозје.-вели Митко Јанчев-градоначалник на Општна Кавадарци