Животот пишува романи.Приказните се тука покрај нас, а ние поминуваме и речиси не ги гледаме и читаме.
Таква е приказната за Биљана и Оливер Симонови од Свети Николе и малиот Лука кој има 1 година и 4 месеци.Поврзаноста со Кавадарци е Биљана која дошла во нејзиното родно Кавадарци кај мајка и за да побараат подобар живот.Но и овде нивниот живот не е променет.Живеат во лоши услови, немаат храна за себе и малиот Лука.КОга се родил Лука живееле во Свети Николе а потоа една година во Штип.
-Живееме со постојната парична помош од 4.500 денари која ја трошиме за лекарства за мене , вели Оливер,малку остануваат за малиот и Биљана.Мислам дека има хумани луге,како Боки Јованосвки кој лани ни обезбеди бесплатно сместување во Штип една година, а сега се залага да добиеме социјален стан.Но дотогаш треба да живееме, а немаме, ни рече Оливер по телефон.
Оливер и Биљана имаа потреба од млеко и пелени за малиот, храна за нив, за нормалните потреби.Биљана бара работа.Би била благодарна ако се добие вработување во Дрекслмајер.Семејството има поднеено барање за еднократска помош во Локалната сампуправа Кавадарци.
Ги молат добрите луге да им помогнат колку што можат.Пред се за храна за Лука и нив.
Во Кавадарци имаат морална и друга помош од Елпида Иванова која се јави во нашата редакција и не запозна со случајот.Елпида е вистински хуманитарец,човек со големо срце.Вуруваме дека во Кавадарци има уште многумина такви.
Телефонот за комуникации со семејството Симонови е 077/943-438.