МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Снегот кој падна во Тиквешијата не свори проблеми.Ја-Ми брз и ефикасен, Комуналец ефективен на сите улици.Возилата помалку да се возат.Дуќанџиите и граѓаните да го исчистат снегот пред дворните места.Вечерва температури до минус 7 степени

Февруарскиот снег кој е повеќе од благопријатен,речиси е добредојден. За прочитување на воздухот,уништување на вирусите и бактериите,за влага во почвата,и за зимските идилични прошетки на снег.

Фирмата „Ја-Ми“, која го има во надлежност зимското одржување на патната мрежа кај нас, експресно уште синоќа е во акција.Ова служба според денешната акција ги исчистила од снегот сите транзитни улици, потоа локалните патни правци , а во текот на денешниот ден и улиците од 2 и трета категорија.На градските улици се фрлаше само сол без ризла.Исчистени се од новиот снег правците со Сопот и Марена,Ресава и Бегниште а во текот на денот и до Шивец, Раец, Дреново, Возарци и други села.Кон планинскиот дел денеска замина едно возило и ова делница до Мрежичко и до Конопиште доносно селата до Бошавијата е проодна за одвивање сообраќај во зимски услови.Сите патни правци покрај чистењето, врз основа на наодот на лице место соодветно се третираат со сол односно ризла.

Речиси сите вработени во ОЕ„Хигиена и зленило„ и дел од вработените во „Водовод и Канализација“на ЈП „Комуналец“ денеска а по потреба и утре ке бидат на терен.Се чистат тротоарите и другите јавни површини во надлечност на ова јавно претријатие.Ефикасноста голема, за неколку часа се беше листо и проодно-би рекле ефикасно за ваква пригода.Очигледно новата раководна структура добро ги менаџира потребите од брзи интервенции тогаш кога треба а во ваква пригода тоа е- веднаш.

Инаку според законите снегот треба сопствениците или корисниците на дуќани да го исчистат пред нив, истото треба да го сторат и граѓаните пред дворните места.Во спротивно предвидени се казни.

Сите автобуси кон дестинациите во Општинава и надвор од неа стигнуваат со мали задоцнувања, што значи сообраќајот на патиштата е воспоставен, но се препорачува оние кои заминуваат до одредено одредиште со сопствен автомобил да возат внимателно, бидејќи на места патиштата се лизгави.

Во Тиквешијата висината на снегот во низинскиот дел изнесува oд 10 до 15-тина сантиметри, на Витачево е 20 а во планинскиот дел над 40 сантиметри снежна покривка.Снег интензивно ке врне до утре попладне.