МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Илинденска честитка на Александар Панов до граѓаните на Општината.

„Почитувани граѓани на Општина Кавадарци,Дозволете во свое име и во името на локалната самоуправа да Ви го честитам празникот 2-Август – Илинден – Денот на Републиката. Илинден е белегот на нашето постоење, Ден кога ги славиме и се потсетуваме на сите борци кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ во борбата за независна Македонија. Двата Илиндена, 1903 и 1944, се светилникот на нашата борба за сопствена држава. Денес 114 години после Илинденското востание и 73 години по првото заседание на АСНОМ, живееме во демократска и независна Република Македонија.И во оваа прилика повторувам дека секоја генерација македонци има своја борба. Денеска нашата борба е да продолжиме посветено да работиме, секој во рамките на своите можности, со што сите заедно ќе допринесеме во изградбата на една уште помодерна и просперитетна Македонија.Да го почитуваме и славиме овој голем ден во чест на нашето Илинденско востание од 1903 и нашиот АСНОМ 1944.Илинден е единствен и автентичен само наш македонски.Затоа мораме да го чуваме како сопственото око.Нека ни е честит и вековит Илинден, 2 Август„

Се вели во честитката на градоначалниклот на Општина Кавадарци Алексанцдар Панов по повод 2 Ангуст -Илинден...

konjanica.jpg