МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Советниците дадоа овластување: Градоначалникот да ги раскине договорите за јавно приватно партнерство за осветлување и зонско паркирање кои беа потпишани од претходното општинско раководство.

Онаку двата документа донесени од претходниот Совет беа поништени - како одлуки :Договорот за зонско паркирање се раскинува еднострано од општина Кавадарци, а за уличното осветлување спогодбено.Со дискусија по одлуката за раскинување на договорот за осветлување се јави советникот ЛазарТуриманџов од СДСМ кој упати критики на адреса на претходниот градоначалник Панов и советниците од неговата партија во претходниот совет, бидејќи потпишале штетен договор поради кои кавадарчани плаќале по 250 евра за една светилка.„Договорот за одржување и модернизација на уличното осветлување во Кавадарци склучен во 2012 година ја кошта општината 644.682 евра за 64 ануитети. Претходниот градоначалник Панов дозволил годишно да се плаќаат по 120.000 евра.“ обвини Туриманџов и побара ревизија и одговорност.Потоа Советот едногласно ги донесе двете одлуки за раскинување на договорите за јавно приватно партнерство.Советот ги усвои измените и дополнувањата на програмата за изработка на урбанистички планови и на програмата за комунални дејности и годишниот план за вработување во ООУ „Димката Ангелов Габерот“ Ваташа а беше донесена и одлуката за доизградба на колекторскиот систем во должина од уште триста метри кон Марена.Советникот Петар Николов побара објаснување од службите за урбанизам до каде е предвидено да се доградува колекторот и дали општината има готов идеен проект за прочистителна станица. Советничката Божанка Минова нагласи дека се работи за искчучително важен проект кој ќе ја подобри еколошката состојба на реката Луда Мара, но за целосна реализација на овој проект, рече Минова, општината е потребно да аплицира и пред други фондови.„Со оваа фаза ќе се продолжи колекторскиот систем кон Марена. За прочистителна станица општината нема готов проект“ рече раководителот на секторот за комунално уредување, урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина, Драган Симоновиќ.