Библиотеката „Феткин„ продолжува за интерактивни средби со најмладите
Креативната работилница на Микица Илова - аниматор, посветена на 8 март и на „Изненадувањето за мама„ предизвика внимание кај децата.Тоа и беше замислата,кај нив да се пробуди креативноста,интересот за 8 март-кој не само за мајките е празник и на теткитре,вујните, стрините,сестрите, пријателките,учителките.Децата беа подготвени и знаеја дека 8 март не е обичен ден.За да им стане појасно и уште еднаш да ги повторат знаењата, беше изведена интерактиувната пиеса „Изненадувањето за мама„ , кое актерите (братче и сестра) како драмски текст го научија пред самата изведба, на тој начин Микица им ја провери нивната моќ да имровизираат и на лице место ја презентираат приказната за 8 март.
Потоа децата кои беа од предучилишна и рана училишна возраст ,сите се внесоа во новата задача-да направат кукла, на еднодставен начин,хартија, боици,лепило и други помагала , со помош на нивните мајки.Креацијата и вниманието со кое помина еден час на работичницата во Библиотеката „Феткин„за сите учесници е пример за почит.Ова пред се важи за организаторот Библиотеката „Феткин„ а посебно аниматорот Микица Илова која е неицрпен извор на поттикнување на детската имагинација.